-Мерките и политиките на СДСМ во насока на запирање на растот на цените дадоа резултат, соопшти СДСМ.
„Инфлацијата во февруари годинава се намали на 3 проценти, покажаа официјалните податоци на државниот завод за статистика.
Ова е најниска стапка на инфлација од јуни 2021, кога почна влијанието на инфлаторните притисоци, како последица на енергетската криза, војната во Украина, нарушените синџири на снабдување.
Истовремено просечната плата континуирано расте и во декември 2023 година достигна највисоко ниво досега од 40.000 денари.
Растот на платите е поголем од растот на трошоци, со што реалната куповна моќ, во истиот период е зголемена.
Ова е потврда дека сите мерки на СДСМ за зауздување на растот на цените го даваат својот резултат.“ – се велии во соопштението.