Денеска (09.03.2024) во 01.15 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода лице(38) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (09.03.2024) во 04.00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода лице(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (09.03.2024) во 02.50 часот во спортска сала на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Н.(30) од Р.Косово затоа што кај него биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.03.2024 во 15.00 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ишиле од слобода лице(35) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.03.2024 во 16.50 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода лице(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.03.2024 во 15.40 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода лице(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.03.2024 во 21.55 часот на подрачјето на Чаир во Скопје, полициски службеници од Едницата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода лице(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.03.2024 во 21.20 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица лишиле од слобода лице (29) од Струмица. При преглед кај лицето била пронајдена марихуана. За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 08.03.2024 полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР-Велес лишиле од слобода 7 млади лица на возраст од 19 до 37 години сите од Велес затоа што кај нив биле пронајдени и одземени хашиш, марихуана, бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и таблета, а две биле затекнати како продаваат дрога на лица од Велес. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.03.2024 во 13.30 часот на Граничен премин „Долно Блаце“ полициски службеници го привеле Ф.П.(45) од Р.Албанија поради тоа што при извршена пасошка контрола констатирано било дека биле скинати две страници од исправата. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции-Скопје за понатамошна постапка.