24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Петровска во „Политиканти“: На Русија не и е интерес Македонија и земјите од регионот да станат дел од ЕУ

Европската агенда треба да се интензивира и ние како Влада и институции сме посветени на тоа, рече во поткастот „Политиканти“ министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Запрашана за руското влијание во државата, Петровска посочи дека тоа постои, дека државата се бори против него, но и дека очекува во пресрет на изборите истото да се засили со цел да се закочи процесот на интеграција на државата во ЕУ, затоа што и од претставници на Моска, интеграцијата на Макеоднија но и на други земји од регионот во ЕУ се гледа и како безбедносно прашање од руската држава.

„Јас во јавноста сум препознанена како човек кој има прилично тврди ставови во однос на Русија и јас тоа не го зборувам како некој наратив против Русија, туку против режимот и политиките на Русија кои се спроведуваат, вклучително и мешањето во суверенитетот на секоја држава, па и на нашата држава. Јасно е и од изјавите на рускиот амбасадор во Подгорица но и од други претходни изјави и дејствија, дека за Русија не е интерес ниту Република Северна Македонија, ниту земјите од регионот да се интегрираат во ЕУ“ посочи таа.

Петровска истакна дека ЕУ е сврзната точка на соработка помеѓу сите земји до Западен Балкан, а процесот на интеграција е долг и сложен

„Процесот на интеграција не е прашање ниту на една влада, ниту на еден министер, ниту на еден мандат, туку на целото наше општество и на целиот наш регион“ заклучи Петровска.