23. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

186 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (07.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 186 возачи. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 111 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 75 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ му врати на Мицкоски: Денешните изјави на премиерот Мицкоски не се само чисти клевети и неуспешен обид да се сокрие кризата на легитимитет на неговата моноетничка влада, туку и опасни, бидејќи претставуваат поттик за етнички судири

ДЕСК

Шукова од Карпош: Кејот на Вардар во Карпош ќе биде уреден, осветлен и функционален

ДЕСК

Мицкоски зборува за мислено и координирано сценарио: ДУИ и СДСМ имаат таен план, но не за народот, туку против народот

ДЕСК