„Повеќе енергија во државата се троши на политиканство отколку на она што треба да го сработиме. Те-ТО во моментот понудува цени по пазарна вредост коишто се многу различни од тоа што ќе го има Митилинеос. ТЕ-ТО има право сам да одлучува во кои денови ќе не снабдува со енергија. Знаат од ТЕ-ТО да кажат дека во сабота и во недела финансиски основ да го прават, разликата е огромна“ изјави Дарио Николовски, директор на Агенција за енергетика на Република Северна Македонија.
Тој додаде дека Паркот Скипион ќе биде агроволтаичен парк и ќе биде новитет во нашата држава.
„Се работи за француска компанија и тука сакам да направам мала паралела. Ако претходно разговаравме на инвестиции од типот на Субрата Рој, сега сите овие стратешки инвестиции се од компании, земји членки на ЕУ, со сериозно портфолио. Агроволтаичниот парк не значи загрозување на земјоделското земјиште“, заклучи Николовски.