„Ова време во коешто функционира и раководи оваа Влада за разлика од претходно според мене е многу подемократско и дозволува секој да има свое мислење. Луѓето од владината коалиција имаат став дека инвестициите се добродојдени заради тоа што истите значат енергетски суверенитет на држвата. Вредноста на четирите инвестиции од енергетиката надминува над 750 милиони евра. Инсталираниот капацитет би бил некаде над 850 мегават часови, или нешто повеќе од цел РЕК Битола, којшто во периодот работи со намалено темпо знаејќи колку е стар и во каква состојба е. Верувам дека ниту еден граѓанин не може да биде против инвестиции коишто носат од една страна заштита на јавното здравје, бидејќи знаеме дека Скопје во зимскиот период е еден од најзагадените градови. Овие инвестиции значат производство на електрична енергија, намалување на CO2, и добробит на стандардот на граѓаните“, изјави Дарио Николовски, директор на Агенција за енергетика на Република Северна Македонија.
Тој дополни дека овие инвестиции значат и добробит за буџетот на државата.
„Митилинеос е еден од најспоменуваните во јавноста. Да бидам искрен, јас ги почитувам политичките коментари, но она што највеќе ми пречи е кога некој се промовира како експерт а од друга страна го гледаме во првите редови на конвенциите на партиите. Почит кон целата експертска јавност, особено кон професорите, но оние коишто застапуваат политички ставови во период на предизборие сметам дека ова го користат само за политиканство.“, потенцираше Николовски.
Тој додаде дека резултатите ќе се покажат откако ќе се реализираат инвестициите.