9.8 C
Скопје
23. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Бојмацалиев: Важно е граѓаните да ги знаат позициите на политичките партии, но и да препознаат дезинформации и лажни вести

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во интервју за српскиот весник Данас беше запрашан за претстојните избори во Република Северна Македонија.

„Важно е граѓаните да бидат свесни за позициите на политичките партии, како и за тоа што се дезинформации а што лажни вести. Нашата цел е да го слушнеме гласот на граѓаните и да гарантираме безбедно спроведување на изборите. Со организирање на локалните избори во 2017 и 2021 година, референдумот во 2018 година, претседателските избори во 2019 година и парламентарните избори во 2020 година, ние како држава поставивме стандарди кои не смеат да се напуштат и од кои не смее да се отстапува. На сите претходни средби со амбасадорите во Северна Македонија ја истакнав важноста од организирање на изборниот процес според европските принципи. За таа цел, соработуваме со Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупцијата, домашните и меѓународните набљудувачи, како и другите институции вклучени во изборниот процес, со што се гарантира потребната координација за исполнување на законските и демократските стандарди”, истакна Бојмацалиев.