Вицепремиерот за економски прашања и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи на Фејсбук:
Инвестираме во нашата иднина: Домашните компании го добија заслуженото место!
Денеска со гордост стоиме зад нашето ветување дека ќе им дадеме приоритет на домашните компании, инвестирајќи околу 100 милиони евра во нивниот потенцијал, секогаш создавајќи еднакви услови за сите. Резултатите зборуваат сами – просперитетна економија поттикната од иновативноста и издржливоста на македонските претприемачи.
Завршија деновите кога се даваше приоритет на странските инвеститори а домашните компании беа запоставени.
Погледнете ја оваа графика која ги прикажува резултатите од нашата посветеност да поддржиме 919 домашни компании преку ЗФПИ!