-Патот до ЕУ е тежок и долг, но дава единствена реална надеж за светла иднина на нашата земја и сите наши граѓани, велат од СДСМ.
„Со Пендаровски е остварлива надежта за европска иднина.
Со визија за интегрирана, стабилна и просперитетна Македонија во Европа како единствена надеж и оптимизам за подобро утре на сите граѓани, Пендаровски е победнички кандидат за најважниот аспект, иднината на државата, на народот.
Граѓаните сакаат прогрес, економски напредок, стабилност, мир и спокој.
Затоа на претстојните избори ќе дадат силна поддршка за Пендаровски“ – се вели во соопштнието.