19.8 C
Скопје
23. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Автомобил излета во Охридското Езеро

На 05.04.2024 во 05.30 часот во ОВР Струга е пријавено дека патничко возило „форд” со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Е.(43) од скопското село Орланци, кое се движело по улицата „Партизанска” во Струга, излетало од патот и паднало во водите на Охридското Езеро.

Повредени лица нема, а по извршениот увид возилото е извлечено од екипи на Територијалната противпожарна единица од Струга. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, додаваат од СВР Охрид.