„Ниту еден бојкот не донел ништо добро на државата, ниту на таа партија која бојкотирала. Сме имале разни искуства во минатото и не постое партија која добила нешто со бојкот. Изборот на претседател на државата не е техничко прашање, тоа е прашање за тоа кој ќе биде на чело на државата следните 5 години и сигурен сум дека партиите од сегашниот владин состав ќе имаат одговорен однос кон тоа прашање. Ние имаме јасен став дека претседателот на државата треба да се избере на непосредни избори со гласање на сите граѓани,“ рече првиот вицепремиер за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во емисијата 360 степени на МРТ 1, во врска со евентуален бојкот на албанските партии поврзано со нивното барање за избор на претседател во собранието.
Во врска со односите со ДУИ , Маричиќ ги оцени како партнерски и коректни.
„На почетокот имаше опција да одиме на исти заеднички листи или повеќе листи, сеуште не сме донеле дефинитивна одлука, правиме анализи, разговараме, и додека се роковите во наредниот период, ќ его утврдиме и тоа. Многу е важно да имаме дистинкција кај партиите, кој за што е. Ние сме сигурни дека по изборите СДСМ повторно ќе биде столбот на наредната влада,“ посочи Маричиќ.