18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестЛОКАЛНО

Пајакот во Центар дигна 237 непрописно паркирани возила

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 237 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 26.02. до 03.03.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 128 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 109 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

Можеби ќе ве интересира

Терестрично прскање против комарци во Скопје

ДЕСК

Асфалтиран локален пат во н.м Бучинци, општина Илинден

ДЕСК

Во Скопје се пие безбедна вода

ДЕСК