9.8 C
Скопје
23. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Пендаровски е победнички кандидат со јасна европска визија

Соопштение на СДСМ:
Стево Пендаровски е победнички кандидат кој ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата.

Во досегашниот мандат Пендаровски покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани.

Во неговиот прв мандат земјата стана членка на Алијансата, а сега е време за наредниот чекор, во вториот мандат на Пендаровски државата да стане членка на ЕУ.

Македонските граѓани сакаат прогрес, стабилност, мир и спокојство!

Токму затоа граѓаните ќе дадат поддршка за кандидатот на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски.