15. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Коциќ: Не само што бугаризација не се случи, туку ние пред еден месец донесовме нов закон за заштита на македонскиот јазик, после 25 години

„Идејата за Европски фронт постои затоа што очигледно дека во оваа држава има политичи партии кои се проевропски настроени и што се помалку настроени и оние кои воопшто не се. Постојат коалиции и пред и по избори. И после изборите оние партиии кои се за европски пат на државата и оние кои вистински сметаат не после 100 години како што вика Мицковски, дека Оние сега е моментот да ги продолжиме преговорите со ЕУ. Ние ги започнавме но благодарение на блокадите на ВМРО-ДПМНЕ, и наводната бугаризација која никогаш е се случи еве речиси две години од прифачањето на францускиот предлог, не само што бугаризација не се случи туку и ние пред еден месец донесовме закон за македонскиот јазик, после 25 години, ова Собрание го донесе најновиот Закон за заштита на македонскиот јазик кој што е кој е позитивен и убаво пречекан во јавноста, а тие а тие лажеа дека со прифаќањето на францускиот предлог ќе зборуваме на бугарски јазик,“

Во врска со бугарскиот диктат кој го кумуницира ВМРО-ДПМНЕ, Коциќ рече дека е многу погрешен како и дека оваа држава не преговара веќе со Софија туку со Брисел. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ сака да го направи, посочи Коциќ, е повторно враќање на преговори на маса со Софија.

„Барањата на Софија да се признае дека сме станале од 1944 година, македонци,да се признае дека македонскиот јазик е бугарски дијалект, сите заминаа во историја. Условот кој треба да го исполниме е да ги признаеме бугарите како малцинство во оваа држава, што е проблемот да ги разграничиме македонците и бугарите?Ние тие уставни измени ги правиме на барање на 27 земји членки на ЕУ. И Европа прифаќа дека овие два народи се различни и тука е блокирањето на државата и ВМРО-ДПМНЕ да глуми патриоти. Не еточно дека го заштитиле македонскиот јазик и идентитет, затоа што тие не гласале, напротив, со то аможат само да не блокираат и не враќаат на преговарачка маса со Софија. Точно е дека од првиот момент на потпишувањето на договорот з аотпочнување на преговори, речиси пред две години, во Европскиот Парламент се зборува и пишува на македонски јазик. Дека Договорот за ФРОНТЕКС кој тие не сакаа да го гласаат во собрание го потпишавме на македонски јазик од сите 27 земји членки на ЕУ, вклучително и Бугарија и Грција. Тие работи укажуваат дека колегите ја манипулираат јавноста, и лажеа за најсензибилната работа, затоа што бугарите секогаш велеа „две држави-еден народ“, е сега ние велиме „не“, ние сме два различни народа,“ рече Коциќ.