16. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Коциќ: Претседател избран непосредено од граѓаните е најсоодветно и промена по однос на ова прашање не треба да има во иднина

„Сметам дека претседател избран непосредено од граѓаните е најсоодветно и најдобар начин на избор на претседател на државата и промена на ова прашење не треба да има во иднина,“ рече пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ на дебатната емисија „Избори 2024“ на МРТ 1, на прашањето за предлогот на ДУИ за Претседател на држава избран во Собрание.

Тој се осврна на изминатите 4 години кога државата помина низ најголемите светски кризи, пандемија, економска, енергетска криза со кои владата предводена од СДСМ се справила квалитетно. А во однос на ВМРО-ДПМНЕ тој додаде дека истовремено оваа партија го лажела народот за рестрикции и цената на струјата, што произлегло дека е невистина, затоа што токму спротивното, граѓаните добиваа субвенции од државата за струјата и немало никакви рестрикции.

„Се докажа дека после две години од кога започна енергетската криза, дека Македонија одлично се справи со таа ситуација. Дека повеќе од десет пати ги зголеми капацитетите за обновливи извори на електрична енергија, а за жал стратешки инвестиции кои се во интерес на државата се кочени токму од страна на ВМРО-ДПМНЕ и наводни експерти блиски на нив,“ рече Коциќ.