15. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Николовски: Сведоци сме на блокада од опозицијата смислена на десеттина закони коишто две години чекаат во собраниската комисија за земјоделство

„Мислам дека треба да се задржиме на програмите, на имплементација на она што земјоделците го добиваат, за првпат има авансна исплата на субвенции, 17.000 различни програми, илјадници договори коишто се склучуваат. Треба да се фокусираме на фактите и на аргументите. Ние први излеговме со решение на проблемите за коишто алармираат земјоделците на терен. Тие земјоделци од Свети Николе коишто алармираа минатата година велеа дека ќе им истечат договорите и велеа да се продолжат на 15 а не на 5 години. Променивме закон тоа да го направиме“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во емисијата „Актуел“ на Тера телевизија.

Тој додаде дека има измени на закони коишто се блокираат од оваа опозиција.

„Сведоци сме на блокада смислена на десеттина закони коишто две години чекаат во собраниската комисија за земјоделство и во македонското Собрание кадешто велиме дека земјоделците можат да земат до 30 хектари земја, не до 10. Тоа не е политика, тука нема партии. Не треба никој да ги дели“, потенцираше Николовски.

Тој додаде дека има редица измени кои што се за доброто на земјоделците и коишто не треба никој да ги кочи.

„Нема политика освен интересот на земјоделците во сите закони коишто се во собраниска процедура“, заклучи Николовски.