„Оваа техничка влада е обмислена во Пржински договор каде што сум бил дел од работна група и духот на оваа техничка влада и пржинскиот договор во делот на земјоделството беше да не се уценуваат и да не се исплаќаат субвенциите на два дена пред избори како што беше во 2013 година и 2014 година. Тоа се факти, можете да ги проверите, како 48 милиони евра во еден ден на два дена пред избори на секои избори наназад ако се навратиме во тој период и тие денеска велат дека ќе работеле исто како што работеле во минатото, во тоа минато на Груевски со истите кадри, со истите навики, на земјоделците не им требаат такви политики. Денеска имаме брза, навремена и редовна исплата на субвенции, за првпат имаме предвремена исплата во 2023 година“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во емисијата „Актуел“ на Тера телевизија.
Тој додаде дека во цела Европа има протести на земјоделците, но во нашата земја нема затоа што министерството за земјоделство е прогласено за најтранспаретно и ги следи потребите на земјоделците и ги реализира.
„Една споредба од 2013-2016 година се исплатени 290 милиони евра за субвенции, додека во овие последни три години се исплатени близу 370 милиони евра. Лидери сме во имплементација на ИПАРД програмата“, потенцираше Николовски.