8.8 C
Скопје
23. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Во мојот прв мандат станавме членка на НАТО, очекувам во вториот да станеме членка на ЕУ

„Бев национален координатор и ги предводев преговорите за членство во НАТО. Во мојот прв мандат станавме членки. Очекувам во вторито мандат да станеме членка на ЕУ“ рече претседателот Стево Пендаровски на прес-коференција најавувајќи ја своајта граѓанска кандидатура за втор мандат.

Тој додаде дека главна причина за неговата кандидатура е што зад себе има мандат без ниту една стратешка грешка, без ниту една корупциска афера или случај на непотизам, судир на интереси.

„Друга причина се моите политики во меѓуетничките односи кои се столб на внатрешната кохезија и стабилност. Јас сум Македонец, но не постои ниту еден единствен случај изминативе пет години кога моето ентничко потекло било причина да фаворизирам или деградирам некој“ рече Пендаровски.

Претседателот додаде дека во неговиот мандат тој покажал дека е независен од било кои центри на моќ, вклучително и оние кои го поддржале на избори.

„Не постои човек или партија која може да каже дека ме контролира или ги диригира моите одлуки“ рече Пендаровски.