17. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМОЗАИК

Тимот на „Внимание ги праша граѓаните дали знаат што треба, а што не треба да се прави во престапна година

Екипата на „Внимание, внимание“ на 29 февруари, ги праша граѓаните дали знаат што треба, а што не треба да се прави во престапна година и колку се суеверни.

Дали е вистина дека во престапна година не се прават венчавки и свадба? Еден граѓанин вели: „Сите викаат дека не треба да се жени човек, али по мое, у ниедна година човек не треба да се ожени.“

На прашањето „Како да се заштитиме од малери во престапна година?“ граѓаните даваат прилично остроумни одговори, а кажуваат и дали кога ќе им пресече пат црна мачка, ја заобиколуваат. „Не верувам во такви суеверија, црна мачка, демек да не поминеш, или друго нешто… треба тие работи да ги избегнуваме“, вели познатата пејачка Блага Петреска.

На прашањето „Дали е добро премиерот да си вработи советник за гатање?“, повеќето граѓани велат одлучно НЕ, ама некои даваат и поинакви одговори: „Па, сега не знам, Кралицата Елизабета I имала свој гатач, исто така и Катарина Медичи го имала Нострадамус, па не знам баш…“, вели една граѓанка. „Па, мислам дека треба… Може тогаш ќе ни тргне работава у државава. Една гатачка ако си стаи, мислам дека ќе не опраи. Гатачката сигурно…“, иронично забележа друг граѓанин.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

Можеби ќе ве интересира

Брачен пар платил 19.000 евра за луксузно крстарење, доживеал кошмарно патување

C +

Почина поранешна руска мисица: Имаше само 30 години… (фото)

ДЕСК

Септември носи драматичен пресврт за еден хороскопски знак – животот ќе му се преврти наопаку, работите ќе му тргнат во посакуваниот правец на сите полиња

ДЕСК