23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Граѓаните ја сакаат прогресивната политика на СДСМ, базирана на евроинтеграции, на евроатлански интеграции, на зголемување на пензии и плати

„Постојат многу анекти во текот на изминатиот период, анкети постоеа и во 2020 година. Секоја политичка партија кога настапува на изборите настапува со доза на оптимизам што е и нормално, бидејќи кој е тој што ќе настапи со песимизам на изборите. На пример јас се сеќавам на опозицијата која во 2020 година излегуваа анкети на кои водат 7%, 8% вие се сеќавате, за да на крајот СДСМ и коалицијата издвојуваа победа.

Овој пат ќе биде исто така. Стево Пендаровски или кандидатот кој ќе го утврди конгресот на СДСМ, јас не можам да зборувам во име на целиот конгрес на СДСМ покажа дека со една прогресивна политика, политика базирана на евроинтеграции, на евроатлански интеграции, на зголемување на пензии, на зголемување на плати тука пред се зборувам за Владата предводена од СДСМ, зголемување на инвестициите, на економскиот потенцијал на државата е политика која граѓаните ја сакаат,“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во Дневникот на Сител ТВ, како одговор на прашањето колку гласови предвидувате да освоите на претседателски и на парламентарните избори.