23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Следниот мандатар на 9 мај на Денот на победата над фашизмот повторно ќе бидам јас, ќе ја формираме проевропската Влада со која до 2030 година ќе влеземе во ЕУ

„Во однос на бројките, СДСМ и коалицијата ќе имаат повеќе пратеници на изборите од ВМРО – ДПМНЕ. И следниот мандатар на 9 мај на Денот на победата над фашизмот повторно ќе бидам јас и ќе ја формираме про-европската Влада со која што до 2030 година ќе влеземе во ЕУ,“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во Дневникот на Сител ТВ.

Во однос на ставот на албанските партии за шеф на државата да се бира во Собранието со бадентер Ковачевски го изрази ставот на СДСМ , а тој го нарече многу јасен.

„Ова е старо барање на една од политичките партии во албанскиот блок уште од 2019 година , сега гледам уште една. Ние тоа не сме го одбиле само врз основа на една реченица, како што го направија и други политички партии, туку сме го одбиле и тогаш и сега врз основа на аргументи. А тоа е дека претседател на државата се избира кај нас по еден модел кој обезбедува искажување на јасно мислење на сите етнички заедници во државата, на сите граѓани без разлика на нивната припадност по било кој основ и на сите политички партии кои учествуваат во изборниот процес и затоа сметам дека не треба да се вратиме чекор назад во демократските процеси, туку треба да одиме чекор напред во демократските процеси,“ рече Ковачевски.