23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Пратеничката група на СДСМ поднесе решение со кое се намалуваат платите на именуваните функционери

„Гледајте тоа што го зборував се испостави како точно дека не се работи за еден закон туку се работи за повеќе закони кои што треба да се менуваат во кои што дел од законите стојат одредби дека тие плати не можат да се намалат. На пример, ако го земете законот за плати на судии стои дека плата на судии не можат да се намали. Погледнете го законот ќе видите. Второ, Владата не може да намали плата на Собрание, бидејќи Собранието, парламентарците, ја бираат Владата и затоа пратеничката група на СДСМ поднесе решение со кое се намалуваат и тоа е уставно издржано решение со кое се намалуваат коефициентите на избраните и именувани функционери, тука се 21 министер плус сите градоначалници, обвинители, судии итн. Претседател на државата, членови на Парламентот и други избрани и именувани функционери. Некаде околу 1100 се на број кои со ова решение нема да добијат зголемување согласно зголемувањето на просечната плата,“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во Дневникот на Сител ТВ, во врсла со прашањето за намалување на функционерските плати.

Ковачевски посочи дека следната година треба да се направи решение кое што ќе биде усогласено со колективниот договор. Бидејќи во општиот колективен договор како основица ќе се зема просечната палта во 2025та година со соодветни коефициенти.