24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Kовачевски: Денес просечната плата е 650 евра, ветувањето го исполнивме и надминавме

СДСМ ги исполнува своите ветувања и политиките што ги води доведуваат до раст на платите, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој вечерва гостуваше во Тема на денот на телевизија Сител.

При тоа, Ковачевски посочи дека ветувањето за просечна плата од 500 евра денес е надминато и просечната плата изнесува 650 евра, за разлика од времето на ВМРО ДПМНЕ кога минималната плата беше 8.000 денари. „Ние кажавме дека ќе го исполниме ветувањето за просечна плата од 500 евра во државата, а денес просечната плата во државата е 40.000 денари, односно 650 евра. Во време на Владата на ВМРО ДПМНЕ кога советник во Владата беше претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, минималната плата беше 8.000 денари и беа потребни 4,5 минимални плати за една потрошувачка кошничка. Сега се потребни 2 минимални плати за 1 потрошувачка кошничка“, рече Ковачевски .

Во интервјуото, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски посочи дека граѓните ги препознаваат политиките на СДСМ, кои даваат резултат.