На денешната седница во Штип, Извршниот одбор на СДСМ ја разгледа информација за спроведената постапка за можни кандидати за Претседател на државата за претседателските избори 2024 година.
По сите анализи, разговори и спроведени истражувања на јавното мислење, Извршниот одбор во проширен состав го поддржа Стево Пендаровски за кандидат за Претседател на државата и го предложи на Централниот одбор на партијата.
Пендаровски е победнички кандидат, близок со народот, ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата.
Во досегашниот мандат Пендаровски го врати угледот, интегритетот и кредибилитетот на институцијата Претседател на државата и покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани.
Пендаровски е претставник на сите наши граѓани без разлика на етничка, политичка, верска или каква било припадност.
Тоа е профилот на кандидатот кој и е потребен на државата и тоа е профилот на идниот претседател на државата.