24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Орданоски: Државата ги трпи последиците од амнестирањето на криминалците од страна на Иванов

„Ако им ги видиш биографиите на досегашните претседатели, сите имале кризи во кои биле вмешани на еден или на друг начин. За Киро Глигоров не треба да говориме, воспоставувањето на државноста на Македонија, вткаен со својот авторитет во јавноста. Борис Трајковски во исклучително голема кризна ситуација, пред и по кризата во 2001 година изигра битно влијание. Водеше голема политичка улога за смирување на страстите, доаѓање до договор. Горѓе Иванов преспа два термини, ама ги направи сите неопходни интервенции за онаа криза со Груевски и целиот негов режим да се развие во насока кој потоа доведе до рушење на тој режим“, изјави аналитичарот Сашо Орданоски во поткастот „Политиканти“ на Слободен печат.

Тој додаде дека од друга страна амнестирањето на криминалците од страна на Иванов, чин кој се смета за незаконски, државата трпи последици од тоа и ден денска.

„Кога така ќе ја проанализираш ситуацијата, сфаќаш дека претседалите придонесуваат за тоа да тие играат важна политичка улога во нашето општество“, заклучи Орданоски.