9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, УХМР СО НОВИ НАЈАВИ: Детална прогноза за следните 4 дена

Во текот на работнава седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во четврток попладне и во петок ќе има повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, особено во западните и јужните делови. Од утре до петок ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер.

Прогноза за 29.02.2024
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 13°C до 17°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, особено во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 01.03.2024
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 10°C до 15°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 02.03.2024
Минимална температура: 2°C до 6°C
Максимална температура: 11°C до 16°C

Променливо облачно со услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб променлив ветер.

Спонзорирано: