8.8 C
Скопје
23. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Кузеска: СДСМ носеше тешки одлуки, но тие одлуки донесоа придобивки за граѓаните

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска во интервју за Слободен печат истакна дека СДСМ во изминатиот период носела тешки одлуки, но и дека благодарение на тие одлуки, државата и граѓаните стекнале одредени придобивки.

„Факт е дека СДСМ во јавноста е препознаена како единствена партија што може да ја однесе државата во ЕУ и за тоа кај граѓаните нема дилема без разлика од која етничка заедница или од кој партија се. И оттука, одлуките што СДСМ ги носела за државата, не се нималку лесни и не се популизам. Свесни сме дека во некои моменти сме се соочиле со пад на рејтингот, но јас би потсетила на сите придобвики што државата ги има добиено од тие одлуки. Никој не веруваше дека платите толку можат да растат, граѓаните можат сами да почуствуваат и да видат, дека просечната плата е 650 евра. Во новата програма а граѓаните знаат дека нашата програма се остварува и затоа треба да очекуваат дека во следниот мандат на СДСМ просечната плата ќе биде 1.000 евра, а минимална плата од 600 евра. Ние се надминавме и во овој мандат, кога просечната плата стигна 40.000 денари’ рече Кузеска.

Таа најави дека партијата ја подготвува новата предизборна програма, која според Кузеска ќе донесе стабилност и и извесна иднина на државата/

„Со новата програма на СДСМ граѓаните ќе видат стабилност, извесна иднина и сигурност. Во новата програма со која ќе излеземе наскоро, ќе бидеме насочени многу кон младите. Сме направиле многу досега, но има да се направи уште многу и добро е граѓаните да знаат дека ние го остваруваме сето тоа што го ветуваме. Да потсетиме дека во изминатиов период имавме енергетска, здравствена криза, да не забораваме дека тоа беше еден тежок период. СДСМ за време на овој мандат, немаше мирно море. Мораше да се менаџира ковид кризата, после дојде енергетската криза“ истакна Кузеска додавајќи дека црните сценарија на ВМРО-ДПМНЕ околу струјата на крајот не се оствариле.