Во интервју за Слободен Печат, портпаролката на СДСМ, Богаднка Кузеска најави дека партијата работи на креирање на листите со кандидати за пратеници со кои ќе се настапи на претстојните избори.
„На пратеничките листи на СДСМ ќе има квалитетни кадри, ќе биде запазен и оној процент на возраст и на пол што ние го имаме. Ќе понудиме кадри кои се препознанени и од граѓаните и од членството. Ние сме постојано на терен, ги слушаме и нашите членови но и граѓаните, од кого се задоволни од кого не се и сето тоа ќе се земе предвид и ќе се направи една листа каде граѓаните ќе можат да ги прочитаат имињата на луѓе на кои им веруваат и пред се се квалитетни“ посочи Кузеска.
Во однос на очекувањата од изборниот резултат, Кузеска изрази оптимизам дека СДСМ ќе ја предводи и следната влада.
„Дефинитивно СДСМ ќе формира Влада. Очекувам дека политичките партии кои го поддржуваат европскиот пат ќе се водат по тоа не само предизборно туку и постизборно и дека знаат дека најсигурниот партнер за реализаирање на стартешките цели го имаат токму во СДСМ. И верувам дека не само декларативно, туку дека е вредност до која ќе се држат до крај“ заклучи Кузеска