19.8 C
Скопје
23. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Шилегов: Законските измени кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ се кршење на меѓународен договор

„Заради вашите брзи и едноставни решенија, создаваме општествен проблем. Треба на македонската јавност да и кажеме реално што би значела законската измена за која што вие се залагате, убаво звучи, нуди наводно некакво решение на проблемот, но отвора едно дополнително прашање на прашањето кое што оваа држава 30 години го има.

Ако влеземе во измена на законско решение онака како што вие предлагате, тогаш треба да и кажеме на македонската ајавност дека нас ќе ни се случи она што ни се случи во 2008 година во Букурешт. А тоа значи дека Грција, легитимно ќе го преотвори македонското прашање, затоа што ова што вие го предлагате е кршење на меѓународен договор,“ рече Петре Шилегов, член на ИО на СДСМ и поранешен пратеник на СДСМ во емисијата Вин-Вин на ТВ Телма, обраќајќи се на Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во одговор на предлогот на оваа политичка партија за законски измени со кои важењето на патните исправи би се пролонгирало.