Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Шилегов: Ние сме должни како СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да обезбедиме извесна иднина на луѓето во Македонија

„Секогаш од 1992 година навака, памтиме дека сме имале нешто што секогаш личело на определени историски предизвици и ако не сме ги исполниле немало да можеме да одиме напред. Иако секогаш тоа било болно, затоа што кога носите тешки одлуки, тоа се тешки моменти за било која политичка структура. Она во кое јас лично сум убеден е периодов кој што следи, особено наредните две години можат да бидат клучни за иднината на нашата држава и затоа сум на мислење дека без оглед на се, без политичките разлики и политичката моќ која одредена политичка структура ја има во даден момент ние мора низ процесите кои следат да поминеме заеднички. Ние сме должни како СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ двете најголеми политички партии да обезбедиме извесна иднина на луѓето во Македонија. Затоа што го губиме народот и во наредните 20 години ако се осеќаме неодговорни и триумфални се плашам дека ќе ја загубиме и државата,“ рече Петре Шилегов, член на ИО на СДСМ и поранешен пратеник на СДСМ во емисијата Вин-Вин на ТВ Телма.

Можеби ќе ве интересира

Започнување на консултативниот процес за Предлог Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030

ДЕСК

Се враќаат високите температури: Како топлината влијае врз срцето, притисокот и уморот?

ДЕСК

Лишени од слобода двајца криумчари на мигранти од Косово, поднесена им е кривична пријава и определена мерка притвор од 30 дена

ДЕСК