Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Работна средба на директорите на полициите на Република Северна Македонија и на Црна Гора

Во период од 21 – 23 февруари 2024 година, во работна посета на Република Северна Македонија, како гостин на директорот на Бирото за јавна безбедност д-р Сашо Тасевски престојува директорот на Управа на полиција на Црна Гора г. Зоран Брџанин.

Работниот дел, кој се одржа денеска (22.02.2024), беше искористен за средба меѓу двајцата директори и членови на црногорската и македонската делегација во просториите на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.

Средбата помина во исклучително пријателска атмосфера, беа разменети искуства од заеднички интерес помеѓу двете делегации, а како заклучок произлезе идната соработка во областа на криминалистичко разузнавање и спроведување на заеднички обуки на специјалните полициски единици на двете земји.

За време на работниот дел од посетата денеска (22.02.2024), директорот на Управата на полиција на Црна Гора г. Брџанин ќе има можност да ги посети специјалните единици при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност д-р Тасевски да положи свежо цвеќе на спомен плочата на загинати припадници на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски да одговори дали со Британија е договорено прифаќањето на мигранти и мигрантски кампови во Македонија?, порача Кузеска

ДЕСК

Д-р Даниловски: Преминат е Рубиконот. Нема назад.

ДЕСК

Скопјанец уапсен затоа што возел под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна несреќа со повредени

ДЕСК