22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Додека ние работевме и се боревме за стандардот на граѓаните ДПМНЕ ги кочеше антикризните мерки

Додека ние работевме и се боревме и со енергетската криза, да имаме повисок стандард на граѓаните, ДПМНЕ единствено кочеше, блокираше се што може да блокира, на крај своите министри ги изблокираа, ги предложија и искочија од сала, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Бутел.

-Меѓутоа кога сте упорен, кога имате добри другари покрај вас како што се нашите пратеници во Собранието тогаш успехот секогаш доаѓа. Нема пречка која може да ве спречи, исто како што нема да има пречка која ќе ја спречи нашата победа во април и во мај заради вас овде што сте собрани тука во толку голем број, порача Ковачевски.

Го заштитивме стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите, рече Ковачевски додавајќи дека “никој не беше оставен сам’.

Успешно се справивме со енергетската криза. Сите ние сме горди на тоа. Многу поразвиени економии имаа проблеми во текот на кризата. Ние ги стабилизиравме и ги намаливме цените. Инфлацијата која беше 20% сега е само 3%. 90%ја субвенциониравме цената за 660 000 семејства во државата, обезбедивме топлинска енергија, денес гледате дека во нашата држава за протести на земјоделците во нашата држава никој не зборувам затоа што изборивме историски највисоко ниво на субвенции, рече Ковачевски.

Претседателот Ковачевски потенцираше дека владата што ја предводеше обезбеди и рекордна поддршка за домашните компании.

-Македонските компании домашни за прв пат во историјата добија финансиска поддршка вредна 100 милиони евра. Вкупно 919 компании во државата кои никогаш во времето на ДПМНЕ не ни сонувале да добијат финансиска поддршка, го добија со СДСМ. Имаме историски најголеми инвестиции во државата, дупло повеќе од времето на ДПМНЕ, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.