23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Средба на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерот Назим Буши и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев со Н.Е. Јарослав Лудва – Амбасадор на Чешката Република

Денеска (19.02.2024), министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерот Назим Буши и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев остварија работна средба со Амбасадорот на Чешката Република Н.Е. Јарослав Лудва.

На средбата министерот Тошковски се заблагодари за длабоката соработка со Амбасадата и министерството за внатрешни работи на Чешката Република, особено за време на миграциската криза, како и големата поддршка дадена во тој период. Во таа насока, министерот побара оваа поддршка да продолжи и во иднина, согласно можноста и приоритетите на Чешката Република.

Министерот Тошковски накратко го запозна амбасадорот Лудва за функционирањето на Министерството за внатрешни работи во техничката Влада, кое има голема одговорност во спроведувањето на изборите кои ни претстојат. Во тој контекст, министерот Тошковски укажа на неможноста согласно Закон во рамки 15. раководни работници во министерството да назначи началник на СВР Тетово, со што се нарушува можноста да биде гарант на изборниот процес за тоа подрачје.

Министерот Тошковски ги образложи преземените мерки со цел ублажување на процедурите за вадење на лични документи со цел граѓаните да можат на еден достоинствен начин да дојдат до својот личен документ. Во таа насока укажа и на почитување на правните процедури во однос на рокот на важност на патните исправи, ставајќи се во улога на заштита на човековите права во однос на слободното движење на граѓаните.

На средбата, амбасадорот Лудва ја потенцираше досегашната поддршка дадена на МВР од страна на Чешката Република, за што побара рекапитулар на досегашната соработка, со што би се направил пресек на истата и би се испланирало во која област истата треба да се развива.

Дополнителниот заменик министер Бојмацалиев се заблагодари за досегашната соработка со Чешката Република, особено за досегашните донации дадени за време на миграциската криза.