Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спречен шверц на 3.590 таблети „трамадол“ при контрола на автобус

Мобилен тим спречи шверц на 3.590 таблети „трамадол“ откриени во личен багаж на еден патник при контрола на автобус на граничниот премин Табановце, велат од Царинската управа.

„Во моментот кога автобусот е ставен на мобилен скенер, при што секој од патниците го извади својот личен багаж надвор од автобусот, патникот се обиде да го искористи моментот и ја фрли торбата преку жичената ограда на царинскиот терминал Табановце. Во ова е забележан од страна на еден од инспекторите, при што веднаш беше тргнат за детаљна контрола. Во неговиот личен багаж, во ракавите на блузи, ногавиците на фармерки и во чорапите се откриени вкупно триста педесет и девет ленти по десет апчиња ‘дорета’, кои содржат 75 мг трамадол хидрохлорид“, додаваат од Царинската управа.

Како што додавааат, случајот инаку е откриен на излез од државата, а автобусот сообраќал на редовна линија Македонија – Данска.

„Против патникот, инаку македонски државјанин, е поднесена соодветна пријава“, завршуваат од Царинската управа.

Можеби ќе ве интересира

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: Возач на пасат прегази велосипедист кој почина – шоферот побегнал, а возилото го оставил

ДЕСК

По победата на локалните избори, Билал Касами – иден претседател на ВЛЕН?

ДЕСК

Полицијата упадна во дом во Кочани: Пронајдени 11 лица како играат комар, а полицајците нашле и пари

ДЕСК