Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Бојмацалиев: Во декември и јануари постигнавме рекорден број од над 170.000 граѓани кои биле сликани за патни исправи

Денеска (16.02.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, заедно со државната секретарка Магдалена Несторовска, ги посетија управните служби на МВР кои се наоѓаат во зградата на Македонска телевизија, со цел увид во процесот на замена на личните документи на граѓаните.

Од страна на раководството на Одделот за граѓански работи во зградата на МТВ, Бојмацалиев беше информиран за процесот на промена на личните документи на граѓаните.

„Ако ги земеме месеците декември 2023 и јануари 2024 во однос на процесот на промена на патните исправи на граѓаните вкупната бројка изнесува 176.159, што е четирикратно зголемување споредбено со истиот период од два месеци од 2023, 2022 и 2021 година, кога таа бројка месечно не надминувала 24.000.
Со тоа можам слободно да констатирам дека е постигнат рекорден број во овие два месеца”, рече Бојмацалиев.

Во оваа прилика дополнителниот заменик министер Бојмацалиев потсети на исплатената дополнителна плата на вработените вклучени во процесот на промена на личните документи, кои неуморно и посветено работат за време на викенди и празници, за што уште еднаш упати благодарност до колегите.

инсерти

Можеби ќе ве интересира

ДИК: До 16 часот гласале повеќе од половина од пријавените болни и немоќни лица

C +

Од понеделник значителна промена на времето, се најавуваат обилни врнежи од дожд и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Сообраќајка на патот Струмица – Радовиш, сообраќајот е во целосен прекин и се пренасочува

ДЕСК