22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Бидејќи не може да испорача решение за личните документи ДПМНЕ поднесува политички мотивирани кривични пријави

-Со месеци на партиски пресови од белиот дворец ДПМНЕ тврдеше дека имаат решение и дека ќе го решеле проблемот со личните документи, пасошите и возачките дозволи. Наместо решение, министерот на ДПМНЕ во техничката Влада направи дополнителен хаос, се обиде да создаде паника кај граѓаните со најави за казни и го комплицираше процесот за издавање пасоши, велат од СДСМ.

„Наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши ДПМНЕ го укина вадењето пасош без закажување. Тоа негативно влијае затоа што го намалува бројот на граѓаните кои можат да се сликаат а од друга страна драстично го пролонгира процесот.
Тоа значи дека граѓаните со месеци нема да можат да добијат нов пасош а го доведува во прашање и законскиот рок за издавање пасош.

Решенијата за возачките и сообраќаните по предлог на СДСМ, но МВР задоцни со реализацијата.
Бидејќи се покажа дека ДПМНЕ не може да испорача решение туку само ги компликува работите со личните документи денеска поднесува политички мотивирани кривични пријави.

Ова нема врска ниту со правото, ниту со процесот ниту со интересот на граѓаните.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Директорот на Царина, Бобан Николовски: преку координирана соработка со АХВ, делуваме за фер пазар и спречување царински измами со храна

ДЕСК

СДСМ: Мицкоски сака да го суспендира Уставот и волјата на граѓаните!

ДЕСК

Мицкоски: Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде целосно функционален и оперативен

ДЕСК