22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Секогаш ќе испадне сочно и меко: Неколку совети како да приготвите бело месо без да биде суво

Пилешкото бело месо е една од омилените намирници за приготвување на секојдневни оброци, а воедно е и многу здраво. Единствениот проблем е што е сув, па затоа на многумина не им се допаѓа.

Решение за тоа најдоа искусните домаќинки.

Доколку не подготвувате свежо бело месо, пред да започнете со готвење, целосно одмрзнете го месото. Ако сакате да има совршен вкус, ставете го во врела вода. А за што повеќе да омекне, треба да додадете една состојка која ќе го направи сочно белото месо дури и ако ги прескокнете претходните два совети.

Истурете една лажичка сок од лимон во водата што ја ставивте да зоврие пред да го додадете белото месо да се готви. Лимонот сигурно секогаш го имате дома, па нема да ви создава дополнителни трошоци при подготовката на јадењето, а ќе се погрижи белото месо да биде меко, па и децата ќе претпочитаат да го јадат. Додадете ги сите други состојки според рецептот.