10.8 C
Скопје
24. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Ивановски: Аругментите против Чебрен беа целосно погрешни и на штета на државата

„Убаво е кога слушате разногласие, со аргументирани ставови, но аргументите кои беа изнесени против Чебрен беа целосно погрешни. Дури одеа и на штета на интересите на државата“ рече рече енергетскиот експерт и прв претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Славе Ивановски во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека за жал, Чебрен заврши како што заврши и кажа дека не е сигурен дали повторно ќе може да се покрене тој проект.

„Гледаме дека во регионот засилено се градат хидоелектрани од таков вид. Не знаеме дали Чебрен ќе биде конкурентен. Во Србија и Бугарија се градат, а во Грција има три такви со иста сила како што требаше да биде Чебрен“ рече Ивановски.