25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: СДСМ обезбеди поголема поддршка за лозарите, поголеми откупни цени и зголемен извоз

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на традиционалната манифестација на закројување на лозјата во чест на Св. Трифун заштитникот на лозарите и винарите.
По завршување на церемонијата и чинот на закројување претседателот Ковачевски даде изјава за медиумите која интегрално ја пренесуваме во целост:

Пред се, на сите лозари и производители на вино им го честитам денешниот празник Св. Трифун, заштитникот на лозарите и винариите и им посакувам успешна, бериќетна година богата со квалитетен род и година на богат род во нашата држава.

Денеска сме овде Марена, во Тиквешкиот регион, симболот на нашето македонско грозје и вино, и во чест на овој голем празник, традиционално со закројување на лозјата го означивме почеток на новата лозарска реколта.

Производството на грозје и вино отсекогаш било и ќе биде една од најзначајните земјоделски гранки во нашата земја, по што и дома и надвор сме надалеку познати.

Заедно со МЗШВ коешто министерот ги предводи и ги предводеше процесите во унапредување на производството и на грозје и на вино успеавме во мандатот на Владата која што јас ја предводев да преку ресорното министерство го поставиме производството на вино на највисоко ниво и тоа го говорат резултатите. Македонија стана број еден извозник на вино во регионот и 13 извозник на вино во светот.
За квалитетот на виното говорат и многубројните награди кои нашите винарии ги добиваат и нашите вина на големи и престижни саеми на вина коишто се одржуваат на нашиот балкански полуостров така и ширум Европа и Светот.

Она што е многу значајно е што Владата успеа да направи голем број на мерки и активности за унапредување на производството на вино, ветивме авансна исплата на субвенциите и ветувањето го исполнивме. На крајот на минатата година 30% од основната субвенција е исплатена на производителите на вино и на другите земјоделци и со тоа тие добија авансни 12.000 денари субвенција.
На крајот на 2024 година лозарите ќе добијат повторно авансна исплата.

Уште едно исполнето ветување – оваа година подршката за набавка на зелена нафта се зголемува за 100% и таа ќе изнесува 9.600 денари по
хектар лозов насад.

Со новиот закон за вино лозарите добиваат гарантирана цена за откуп на грозјето но и нова посебна програма за финансиска програма за поддршка и развој на лозарството и винарството.

За прв пат воведовме грантови од 10.000 евра за поддршка за купување на опрема на малите производители на храна но и за малите семејни винарии, како и грантови од 5.000 евра за отворање на мали дестилерии.

Она што е резулат на сите овие мерки е што во државата во моментов имаме 255 регистрирани винарии за производство на вино што е рекорд во историјат ана нашата држава во однос на организарано прозиводство на вино, откуп на грозјето и секако продажба на високо квалитетно вино на домашните и светски пазари.

Со ова се покажува дека доколку напорно се работи, доколку се има план, се има визија, резултатите доаѓаат.

Откупната цена на грзојето, продажната цена на виното, зголемениот извоз секако и зголемениот прилив на девизи во државата не прават горди за се она што го направивме за производството на вино, на грозје.

Јас сакам да им честитам на сите наши производители на вино, на грозје, да им честитам и да се заблагодарам на сите вработени во МЗШВ, на чело со министерот Николовски кој покажа дека е веројатно најдобриот министер за земјоделство кој било кога сме го имале во државата од нашето осамостојување и уште еднаш на крајот да го честитам празникот Св.Трифун, на сите производители на вино, на грозје но и на сите наши граѓани.