Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Прифатена иницијативата на СДСМ, бесплатна е замената на возачките и сообраќајните

Прифатена е иницијативата на министрите од СДСМ за бесплатна замена на возачките и сообраќајните дозволи.

„Владата донесе одлука со која се овозможува бесплатна замена на важечките возачки и сообраќајните дозволи за граѓаните на Република Северна Македонија.

Бесплатни патни листови ќе добијат сите граѓани кои живеат надвор од нашата земја, а кои имаат потреба да се вратат за да извадат патни исправи.

Издавањето патните листови каде што нашата држава нема дипломатско конзуларно претставништо ќе биде направено онлајн, а тие ќе бидат испратени по пошта до граѓаните.

Со измени на законите граѓаните и понатаму да може да ги користат на територијата на државата, а ДПМНЕ не смее да ги казнува граѓаните.“ – соопшти СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Пораснал бројот на невработени во Македонија

ДЕСК

НЕОЧЕКУВАН РАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СКОПЈЕ ПОД НАПНАТОСТ: Физичка пресметка во познат угостителски објект среде бел ден во центарот на градот

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.