24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Битиќи- Бојманцалиев: Владата донесе одлука со која граѓаните бесплатно ќе можат да ги заменат важечките возачки и сообраќајните дозволи

На заедничка прес-конференција Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојманцалиев ја соопштија одлуката од денешната владина седница со која се овозможува бесплатна замена на важечките возачки и сообраќајните дозволи за граѓаните на Република Северна Македонија.

„На владината седница донесовме неколку важни одлуки за граѓаните, кои како решенија ги донесе работната група која последниве две недели работеше, во која учествуваа неколку ресорни министри како МВР, МНР, МФ а која ја предводев јас како заменик претседател на владата. Денешните одлуки се предлог токму на оваа работна со кои го задолживме МВР да ги преземе сите правни акти со што ќе се овозможи возачките и сообраќајните дозволи за сите граѓаните на Република Северна Македонија да бидат промени без надомест.“, рече на прес-конференцијата вицепремиерот Битиќи

Дополнувајќи дека работната група даде предлог кој беше усвоен на денешната владина седница со кој се задолжува министерството за надворешни работи да обезбеди бесплатни патни листови за сите граѓани кои живеат надвор од нашата земја а кои имаат потреба да се вратат за да извадат патни исправи.

„Дополнително МНР исто така се задолжи да преземе активности соодветно издавањето патните лисотви каде што нема ДКП-а да биде направено онлајн и да бидат испратени по пошта.“, изјави Битиќи.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Бојманцалиев на прес-конференцијата кажа дека службите во МВР ги изготвуваат сите интерни акти за да може да се спроведе одлуката а кои ќе бидат потпишани и од страна на дополнителник заменик министер, Бојманцалиев и министерот за внатрешни работи, Ташковски.

„Во оваа прилика би сакал да се заблагодарам на сите колеги кои работат во управните служби изминатиот период кои работат и во смени и за викенди и празници кои дадоа свој личен допринос за промена на патните исправи и на личните документи и на сите останати документи кои граѓаните требаше во изминатиот период да ги променат од Република Македонија, со новото име Република Северна Македонија и би сакал да ги информирам сите дека утре на своите сметки ќе добијат по една плата во висина на последната исплатена плата кои ги имале во МВР и исто така и тој акт е потпишан и од мене и од министерот.“, изјави дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Бојманцалиев.