10. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

ВОЗЕТЕ ОДГОВОРНО ЗА ПРАЗНИКОТ НА ЉУБОВТА И ВИНОТО

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел за внимателно и одговорно учество во сообраќајот за време на празникот на љубовта и виното.

Празниците се одличен повод за споделување на среќа и незаборавни моменти со блиските и саканите, но за да бидат овековечени со љубов неопходно е и одговорно однесување за време на истите, особено доколку се учествува во сообраќајот на патиштата.

Затоа РСБСП советува:

доколку консумирате алкохол – НЕ управувајте со моторно возило, а доколку одлучите да возите тогаш НЕ консумирајте алкохол,
доколку консумирате алкохол – користете јавен превоз или повикајте такси превоз,
почитувајте ги сообраќајните правила и прописи,
возете внимателно и грижете се за сите учесници во сообраќајот,
возете со СРЦЕ!

РСБСП упатува порака:

Почитувајте го животот и уживајте во пријателствата.

Ако го славите Св. Валентин – опијте се од љубов, а ако наздравувате за Св. Трифун – покажете одговорно однесување.

Честит празник на љубовта и виното!

Возете безбедно!

Можеби ќе ве интересира

ПОВТОРНО ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ОДАТ НАГОРЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Лишени од слобода шест лица по вчерашната физичка пресметка пред угостителски објект во Скопје

ДЕСК

Ацевски: Зошто Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски чекаат избори, зошто не го исчистат градот сега?

C +
error: Соддржината е заштитена.