23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Рекорден број на казни за еден викенд во Битола – дури 216 возачи ќе мора да платат за сторените сообраќајни прекршоци

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (09/10/11.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 216 возачи, меѓу кои 121 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 22 мерки за возење под дејство на алкохол, 13 санкциии за управување без возачка дозвола, осум санкции за користење на мобилен телефон, 10 прекршоци што ги прават пешаците…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.