26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Сите што се ставени на црната листа на САД, ќе бидат „разгледани“ од нашите институции

Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, кој е во посета на Харвард во Бостон, во интервју за Гласот на Америка, на едно од прашањата рече дека дополнувањата на Законот за рестриктивни мерки ќе се донесат, меѓудругото и затоа што тоа го бара поголемиот дел од јавноста, објави Фактор.мк.

„Таа иницијатива веќе има опипливи резултатите. Сигурен сум дека по донесувањето на овој закон тие ќе добијат и институционална форма. САД и Северна Македонија заедно работат на борбата против корупцијата, и тоа ни е ѝ целта со овој закон за рестриктивни мерки – да оние укажувања од САД добијат институционална форма и кај нас, но со почитување на сите човекови права. Владата во последните месеци направи интензивен напор, и со овој закон и со полициската акција во Грчец и со случајот со Онкологија кои што го поддржуваат три четвртини од јавноста, да покаже на дело дека навистина има политика волја за борба против корупцијата и организираниот криминал. Исто така овој закон за рестриктивни мерки го бараат и граѓаните, во огромно мнозинство, и владата сака да покаже дека заедно со поддршка од граѓаните, е подготвена да го спроведе овој закон“, вели вицепремиерот.

Маричиќ во рамки на истото прашање додаде дека македонските институции веќе се занимаваат со лицата кои се нашле на „црната листа“ на САД.

„Сите оние лица за коишто што нашиот стратешки партнер САД ни укажале и се ставени од некоја причина на „црната листа на САД“, ќе бидат разгледани од нашите институции без никакво прејудицирање за исходот на постапката“, дополни тој.