25. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Facebook
БИЗНИСвест

Деспотовски: На секое евро вложено од државата во инвестицијата на Митилинеос, назад ќе се слеваат помеѓу 2,5 и 3 евра

„Финансиската поддршка од државата со Предлог законот и Договорите е дефинирана на 17% што на предвидена инвестиција од 290 милиони евра изнесува нешто под 50 милиони евра. И веднаш ќе кажам дека компанијата е обврзана уште по првиот ден да ги плаќа сите давачки кон државата, вклучително придонеси за вработените, персонален данок и данок на добивка. Значи нема никакви ослободувања“ кажа директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски за „24 инфо“ во врска со енергетската стратешка инвестиција за изградба на конегергетивната централа на Митилинеос.

Како што кажа тој, само по оваа основа, согласно деловниот план доставен за 30 години, државата ќе приходува помеѓу 120 и 150 милиони евра, односно на секое евро вложено во проектот во буџетот на државата ќе се слеат помеѓу 2,5 и 3 евра.

„Во изминатиот период со новиот пристап на работење што го воведовме пред три години, успеавме износот на инвестиции да биде значително поголем во однос на минатата декада а при тоа обврските на државата за финансиска поддршка да ги преполовиме, а во некои случаи и да ги намалиме за повеќе од 60% во однос на она што било пракса претходно кога странските инвеститори биле ослободувани од сите давачки а добивале помош“ рече Деспотовски.

Директорот на ТИРЗ кажа дека само минатата година во буџетот се слеани близу 75 милиони евра, а државата има исплатено помалку од 20 милиони евра државна помош.

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска во Загреб- Потпишан Меморандумот за разбирање и соработка насочена кон развој на пазарите на капитал во земјите од Централна и Југоисточна Европа

ДЕСК

По 17 години – нови правила за одобрување возила од 1 септември: Поевтино, побрзо и 1,3 милиони евра назад кај македонски компании

ДЕСК

ССМ со жестоко соопштение: Функционер со 150.000 денари плата или 2.500 евра плата му кажува на работник со 24.397 денари или 400 евра плата како нема да му ја зголеми платата и како добро се живее, веројатно за да не аздиса многу работникот

ДЕСК