Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

146 сообраќајни прекршоци во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 146 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за непрописно престројување на возила…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Почна протестот за поддршка на поранешните водачи на УЧК во Скопје – градот под сообраќајна блокада

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: Маж загина додека работел со машина на работно место

ДЕСК

Тешка сообраќајна незгода во населбата Илинден

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.