Парламентарното мнозинство неколку минути пред полноќ изгласа која разрешување на двајцата министри на Алијансата за Албанците, Фатмир Меџити за здравство и Азир Алиу за информатичко општество и администрација.
За разрешувањето гласаа 62 пратеници, немаше ниту против ниту воздржани бидејќи опозициските пратеници по учеството во целодневната дебата со критики за владеачката коалиција не учествуваа во гласањето.