26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

СУБВЕНЦИИ ЗА САНАЦИЈА НА ПОКРИВИ НА ЗГРАДИ И ЗАМЕНА НА АЗБЕСТНИ ПОКРИВИ НА КУЌИ

Со вкупно 3.000.000 денари кои ги обезбеди од својот буџет, Општина Карпош започна акција за доделување на финансиска поддршка за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективно домување и замена на азбестни кровни покривачи на индивидуални станбени објекти (куќи), на територија на локалната самоуправа.
Во таа насока, Општината доделува субвенции за поправка на покриви на згради, најмногу до 50% но не повеќе од 350.000 денари од вкупниот износ на вредноста на поправка и санацијата на кровен покривач.
Општина Карпош ќе субвенционира финансиски средства и за промена на азбестни покриви на куќите најмногу до 60%, но не повеќе од 350.000 денари од вкупниот износ на вредноста на замената на азбестниот кровен покривач.
И во овој случај, субвенциите ќе се доделуваат (во согласност со целосно комплетираната документација) според принципот „прв дојден – прв услужен“, сѐ до исцрпување на финансиските средства предвидени за оваа намена.
Притоа, право на учество на Јавниот повик имаат сите жители на Карпош кои се регистрирани како Заедници на сопственици (ЗС) или со заедницата да управува правно лице – Управител (УСЗ), согласно Законот за домување, како и сопственици на индивидуални станбени објекти (куќи) во Општина Карпош.

За колективни станбени објекти (згради) потребно е да се достави:

1. Пополнета Апликација – образец, потпишан од станбен управител
2. Апликантите да не се претходни корисници на субвенција за иста намена
3. Носителот на Апликацијата да е носител на правото на сопственост врз објектот за кој се аплицира
4. Промената може да се изврши само во рамки на постоечкиот кровен покривач
5. Да се регистрирани како Заедници на сопственици или со заедницата да управува правно лице – Управител, согласно Законот за домување, за што се доставува решение од Централен регистар на РСМ или договор со правно лице – управител.
– Доколку колективниот станбен објект има повеќе влезови и истите се регистрирани како посебни правни лица, или имаат потпишано посебни договори со правно лице управител за застапување, потребно е секој влез – секое правно лице засебно да достави доказ – решение од ЦР на РСМ или да достави Договор со фирмата управител која ја застапува заедницата на колективниот станбен објект.
6. Да достават Имотен лист со кој се докажува сопственоста (не постар од 6 месеци) Појаснување: потребно е да се достави имотен лист за секој стан засебно, со кој ќе се потврди сопственоста на апликантите или листа на сопственици од АКН- Агенција за катастар на недвижности.. Имотните листови да се достават во оригинал или нотарски заверена копија.
– Доколку колективниот станбен објект има повеќе влезови и истите се регистрирани како посебни правни лица или имаат потпишано посебни договори со правно лице управител за застапување, потребно е секој влез – секое правно лице засебно да достави доказ – Имотен лист/листови со кој се докажува сопственоста на секој стан засебно или да достави листа на сопственици од АКН- Агенција за катастар на недвижности.
7. Станбените згради за колективно домување да се постари од 25 години
8. Доказ за старост на колективниот станбен објект се потрврдува со Изјава заверена на нотар, или со достава на купопродажен договор за стан (доволен е купопродажен договор на еден од сопствениците).
9. Заедницата на сопственици/Управител на станбени згради да има донесено Одлука дека сопствениците на посебните делови се согласни да се изврши поправка и санација на кровен покривач и дека се согласни да учествуваат со сопствени средтсва за дел од вкупниот износ за санација-поправка на кровен покривач (во прилог кон одлуката да достават список со потписи од 50% плус еден сопственик), да е архивски заверена.
9.1.Одлуките се сметаат за усвоени доколку истите своерачно ги потпишале 50% плус еден сопственик од вкупниот број на сопственици на посебни делови на колективниот станбен објект.
10. Договор со Изведувачот за поправка или санација на кровниот покривач.
Одлуката се доставува во оригинален примерок и истата е потребно да бидат заверени со архивски број и потпишани од страна на овластено лице и печат.

За индивидуални станбени објекти (куќи), потребно е да се достави:

1. Пополнета Апликација – образец, потпишан од сопственикот на индивидуален станбен објект (куќа)
2. Апликантите да не се претходни корисници на субвенција за иста намена
3. Носителот на Апликацијата да е носител на правото на сопственост врз објектот за кој се аплицира
4. Промената може да се изврши само во рамки на постоечкиот кровен покривач
5. Да достават Имотен лист со кој се докажува сопственоста (не постар од 6 месеци). Имотните листови да се достават во оригинал или нотарски заверена копија.
6. Индивидуалните станбени објекти (куќи) да имаат постоечки азбестен кровен покривач
7. Изјава од сопствникот на индивидуалниот станбен објект дека е согласен да изврши замена на азбестен кровен покривач и дека е согласен да учествува со сопствени средства за дел од вкупниот износ за замена на кровен покривач (Изјавата да биде нотарски заверена)
8. Сопственикот на индивидуалниот станбен објект да достави Договор со Изведувачот за замената на азбестниот кровен покривач.
 Забелешка 1: Доколку површината на индивидуалниот станбен објект е помала од 300 метри квадратни, Изведувачот на замената на азбестниот кровен покривач доставува Изјава заверена на нотар дека работите се изведени согласно позитивните законски прописи и нормативи за тој вид работа
 Забелешка 2: Доколку површината на индивидуалниот станбен објект е поголема од 300 метри квадратни, сопственикот на индивидуалниот станбен објект има обврска да достави до Комисијата Договор за изведен надзор над изведбата за замена на азбесетен кровен покривач. Договорот се доставува во оригинал или нотарски заверена копија.
 Забелешка 3: Документите се доставуваат во оригинален примерок или нотарски заверена копија.

НАПОМЕНА: Апликантите мора прво да добијат писмено известување дека се потенцијални корисници, потоа да почнат со промена на кровниот покривач.

Апликациите за проектите „Финансиска поддршка за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективното домување и замена на азбестни кровни покривачи на индивидуални станбени објекти (куќи)“ во Општина Карпош, може да се подигне во архивата на Општина Карпош или од официјалната веб страница на Општина Карпош (https://bit.ly/3SRvw4R)

ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ ЌЕ СЕ ОДВИВА ВО ДВЕ ФАЗИ

ЗА КОЛЕКТИВНИ СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ (ЗГРАДИ):

Првата фаза се состои од достава на следните документи:

– Пополнета Апликација – образец, потпишан од станбен управител
– Решение од Централен регистар на РСМ или договор со правно лице – управител.
– Имотен лист оригинал или нотарски заверена копија, не постар 6 месеци за секој стан засебно или листа на сопственици од АКН- Агенција за катастар на недвижности
– Доказ за старост на колективниот станбен објект
– Одлука дека сопствениците на посебните делови се согласни да се изврши поправка и санација на кровен покривач и дека се согласни да учествуваат со сопствени средства за дел од вкупниот износ за санација-поправка на кровен покривач
– Договор со Изведувачот за поправка или санација на кровниот покривач.
– Фотографии од постоечката состојба

НАПОМЕНА: ПО КОМПЛЕТИРАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ ОД ПРВАТА ФАЗА, АПЛИКАНТОТ ЌЕ ДОБИЕ ПИСМЕНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДЕКА Е ПОТЕНЦИЈАЛЕН КОРИСНИК, СО ШТО ЌЕ ПРЕМИНЕ КОН ВТОРА ФАЗА И АПЛИКАНТОТ МОЖЕ ДА ОТПОЧНЕ СО ЗАМЕНА НА КРОВНИОТ ПОКРИВАЧ.

НАПОМЕНА: Доколу апликантот се одлучи да го промени стариот кровен покривач со користење на субвенција од Општина Карпош, се обврзува да користи исклучиво бел или сив (силвер) лим за кровен покривач.

Втората фаза се состои од достава на следните документи:

– Завршна ситуација со спецификација (фактура во оригинален примерок заверена од изведувачот)
– Извештај од надзор
– Фотографии од новата состојба на кровниот покривач

ЗА ИНДИВИДУАЛНИ СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ (КУЌИ):

Првата фаза се состои од достава на следните документи:

– Пополнета Апликација – образец, потпишан од сопственикот на индивидуален станбен објект (куќа)
– Изјава од сопствникот на индивидуалниот станбен објект дека е согласен да изврши замена на азбестен кровен покривач и дека е согласен да учествува со сопствени средства за дел од вкупниот износ за замена на кровен покривач (Изјавата да биде нотарски заверена)
– Имотен лист со кој се докажува сопственоста (не постар од 6 месеци), во оригинал или нотарски заверена копија.
– Договор со Изведувачот
– Фотографии од постоечката состојба

НАПОМЕНА: ПО КОМПЛЕТИРАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ ОД ПРВАТА ФАЗА, АПЛИКАНТОТ ЌЕ ДОБИЕ ПИСМЕНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДЕКА Е ПОТЕНЦИЈАЛЕН КОРИСНИК, СО ШТО ЌЕ ПРЕМИНЕ КОН ВТОРА ФАЗА И АПЛИКАНТОТ МОЖЕ ДА ОТПОЧНЕ СО ЗАМЕНА НА КРОВНИОТ ПОКРИВАЧ.

Втората фаза се состои од достава на следните документи:

– Изјава од изведувач за завршена работа заверена од нивна страна
– Фактура во оригинален примерок заверена од изведувачот
– Фотографии од новата состојба на крoвниот покривач.

Пријавите треба да се достават во затворен и запечатен коверт, без означување на субјектот кој ја поднесува пријавата до Општина Карпош, преку пошта на адреса: ул. Радика бр.9 , 1000 Скопје, или во архивата на Општина Карпош, со назнака:

Јавен повик за доделување финансиска поддршка за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективно домување и замена на азбестни кровни покривачи на индивидуални станбени објекти (куќи) во Општина Карпош.

Заинтересираните странки можат да добијат дополнителни информации на телефонските броеви: 071/350-388 или 078/487-636