26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ во САД

Првиот вицепремиер за европски прашања, Бојан Маричиќ, од денес престојува во дводневна работна посета на Соединетите Американски Држави.

Целта на посетата на Маричиќ е учество на Конференцијата The European Dream 2024: A Continent at the Crossroads на престижниот Harvard Kennedy School во Кембриџ, Масачусетс, која ќе се одржи на 9. и 10. февруари.

Маричиќ исто така ќе оствари средби со студенти од нашата држава и од регионот на Западен Балкан кои се наоѓаат на универзитетот на Харвард, информираа од секретаријатот за европски прашања.

Во рамките на посетата, вицепремиерот Маричиќ ќе оствари средби, со Генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) на Европската Унија, Стефано Санино, и други средби со високи претставници.