17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нема простор за паника, граѓаните кои ќе се затекнат со неважечки пасош во друга земја, ќе се вратат со патни листови, порача Османи

За три дена истекува т.н технички рок од Преспанскиот договор но и од нашите закони по однос на валидноста на исправите и документите кои што имаат меѓународна употреба, потсети министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Информираше дека пред два дена се видел со министерот за надворешни работи на Грција во Рим, каде била изразена волја да нема никакви проблеми во имплементирањето на одредбите посебно на тие, како што е 12 февруари.

И засега сите динамики се позитивни и конструктивни, истакна Османи.

Комуникацијата, како што нагласи е двострана.

„За граѓаните кои што треба да патуваат надвор, надлежноста е на МВР и јас нема да навлегувам во тој дел, но граѓаните кои треба да се вратат во државата, односно се затекнати надвор после 12 февруари, се разбира дека тука компетенции има МНР преку своите дипломатско конзуларарни преставништва, и оттука сакам денеска да пратам порака до нашите граѓани во дијаспората но и до сите други“, рече Осамни.

Кажа дека забалежал одредена паника помеѓу нашите граѓани во дијаспората дека по 12 февруари ќе можат да ги изгубат работните места, дозволите за привремен престој и поради тоа како што рече има наплив во нашите ДКП посебно во Германија, во Швајцарија, во Италија но и во други држави.

Османи порача дека нема простор за паника.

„Затоа што министерството се организираше да им излезе во пресрет на граѓаните каде и да се. Што значи дека прво за тие што ќе се затекнат со пасоши кои по сила на закон се неважечки ќе можат да се вратат со патни листови издадени од страна на нашите ДКП. Се организираме дополнително со испраќање на дипломати на испомош во сите овие ДКП каде очекуваме поголем број на барања. Но во Гермнија и Италија однесовме и две нови мобилни станици за да може паралелно со веќе постоечките базни станици да можат да ги примаат апликациите за нови пасоши. А во градовите каде нема ДКП планиран е календар на конзуларни денови во тој период во различни простории, граѓаните ќе бидат информирани“, рече Османи.

Во државите каде нема ДКП, граѓаните, како што информираше Османи, да ги достават апликациите онлајн а патните листови да ги добијат по пошта.

„Дадов насока покрај двосменското работење да се работи и сабота и недела. Разговараме и со државите, граѓаните кои се затакнати таму, да им излезат во пресрет да можат без никаков проблем да се вратат дома“, рече Османи.

Тој додаде дека се планирани и пунктови за помош на меѓународните аеродроми, а информираше и дека најмногу работа имало во Бон, каде што имало 8.300 апликации за нови пасоши, а досега се изработиле 6.000.

„Во Берн , Берлин, Минхен, Венеција, Виена, Рим, Љубљана итн, има постојано по 300 граѓани во дворовите на амбасадите“.

Изрази надеж дека граѓаните ќе бидат навремено и ефикасно услужени, со совет за тие што планираат да се вратат за да вадат пасош, да знаат дека мора да има претходно обезбедне термин, а да знаат исто така, и дека нема да го добијат документот веднаш, бидејќи веќе роковите дури и за итни постапки се одложени.